Николоски упати честитки до Армин Лашет за изборот на претседтел на ЦДУ


Денес по повод изборот на претседател на ЦДУ, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својата ФБ страна упати честитки до претседателот кој ја замени Ангела Меркел, Армин Лашет.



Честитки за Armin Laschet новоизбраниот Претседател на германската ЦДУ на кого му посакувам успешна работа. ВМРО-ДПМНЕ и најголемата и најсилната партија во Германија, ЦДУ долги години градат силно пријателство и соработка помеѓу двете партии со центар десна идеологија. Со изборот на новиот претседател соработката и пријателството уште повеќе ќе се продлабочи и интензивира. – Напиша Александар на ФБ