Николоски: По победата ќе ги помагаме и странските и домашните инвеститори   


Николоски: Датум за почеток на преговори со Европската унија нема - МИА

Кавадарци, 4 јули 2020 () – После победата на 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе ги помагаме и странските и домашните инвеститори, за да се создаде еден втор инвестициски циклус. Веќе имаме договорено три странски инвестиции во првите сто дена,  кои ќе дојдат во Македонија, изјави вечерва за медиумите Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци.

Тој изрази надеж дека во фабриката Дрекслмаер во Кавадарци ќе се отвораат нови работни места, а нема да се затвораат работни места.

-Стојам позади тоа што го кажав, од многу луѓе од неготинско слушнав дека многумина за жал ја губат работата во фабриката Дрекслмаер, не им се продолжуваат договорите за работа. Основна причина за тоа е корона кризата во цел свет. Мојата порака е јасна и едноставна,  а тоа е дека Владата мора да помогне на стопанството, што за жал во моментов не го прави. Недозволиво е Еленица на Заеви да добива државна помош во услови кога прави милионски профити секоја година, а фирми кои вработуваат илјадници луѓе да размислуваат дали да ги задржат или да не ги задржат работниците. И пред некој ден во Криволак направив аналогија и реков  дека како што во минатото СДСМ ја затвори фабриката за кабли во Неготино, доколку останат на власт, затоа што не прават ништо за странските инвестиции, во три години ни една странска инвестиција не дојде во Македонија, ниту ги помагаат домашните, има потенцијал да затвораат и постојни инвестиции. Зоран Заев нека намера да носи странски инвестиции, рече Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на кандидати за пратеници во 4 изборна единица на оваа партија и коалицијата.

Тој нагласи дека овие три години, а и претходно кога биле во опозиција, од СДСМ биле стигматизирани и напаѓани инвестициите, имало разни прилози од нив и од блиски до нив, како биле лоши условите за работа и како се давале ниски плати.

-Мислам дека е тоа нефер однос кон странските инвеститори, странските инвеститори треба са се помагаат, додаде Николоски.

Тој информираше  дека пред кавадарчани  упатува неколку пораки. Околу економијата, земјоделството во кое е потребен силен удар на зелената мафија која ја цица маката на земјоделците, а опстојува триесет години.

-Во делот на националното достоинство апсолутно ставање на крај на овие понижувачки политики на Македонија и на бришење на се што е македонско. Преговори за историјата нема, преговори за Гоце Делчев нема, преговори за македонскиот јазик нема, рече Николоски. свд/


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*