Николоски оствари средба со претставници на Мрежата Млади европски амбасадори


Денеска во Собранието на Република Македонија заедно со пратеникот Бојан Стојаноски остварив средба со претставници на Мрежата Млади европски амбасадори.


 

Претставниците на Мрежата Млади европски амбасадори укажаа дека Мрежата е дел од регионалната програма на ЕУ за Западен Балкан, поддржана од Директоратот за проширување на ЕУ, и информираа за своите цели и проекти во идниот период.

Разговаравме за предизвиците со кои се соочува мрежата Млади европски амбасадори, адресирање на проектите за младите на локално ниво, проектите за поврзување на младите од Западен Балкан, регионалната соработка, како и реализацијата на програмите за млади по примерот на Еразмус +.

Од дискусиите произлезе идеја за активно вклучување на Националниот совет за евроинтеграции во поддршка на проектите на Младите европски амбасадори.