Николоски од Росоман: 160 милиони евра субвенции за земјоделците секоја година


Николоски од Росоман: Ќе им помагаме на земјоделците - МИА

Разговараме со граѓаните, маките се исти, забелешките се исти, екстремно ниска цена на откупни производи, никаква поддршка од државата, луѓето се жалат дека праската скоро и да не родила годинава затоа што имаше голем мраз во текот на годината, немаат добиено никаква поддршка и субвенции од државата, цената е екстремно ниска и навистина тешко живеат, ова денес го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 на средбата со жителите на општина Росоман.

Николоски, истакна дека програмата обновата за Македонија значи план за помош на земјоделците, силен инвестициски циклус, 160 милиони евра секоја година субвенции како и 200 милиони евра во обновлив систем за откуп и загарантирана цена, како што рече тој ова ќе значи удар на зелената мафија, а  ќе овозможи праведна цена и цени на трудот на земјоделците.

Нашиот план е да помагаме на земјоделците, силен инвестициски циклус, околу 160 милиони евра секоја година во субвенции и преку  200 милиони евра во обновлив систем за откуп и загарантирана цена што ќе даде удар на зелената мафија, а  ќе овозможи праведна цена и цени на трудот на земјоделците. Исто така потиштени се од националните предавства кои што и се случуваат на Македонија, од промената на името, од двојазичноста, од продажбата на историјата. На тоа луѓе сакаат да ставиме крај и ќе ставиме крај после победата на 15 јули, заедно ќе ја исправиме Македонија и заедно ќе ја обновуваме, вели носителот на изборна единица 4 Николоски.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*