Николоски од Прилеп: Ја повикувам власта да се согласи и за предвремени избори и за референдум, за да се увери дека најновата анкета на ИПСОС со двојна предност за ВМРО-ДПМНЕ е точна


Најновата анкета за истражување на јавното мислење и расположение на народот на француски ИПСОС, според кои резултати ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност во однос да СДСМ е точна и ја отсликува реалноста и расположението на македонските граѓани, вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој денеска во Прилеп оддаде почит на 21 годишнината на загинатите армиски прпадници кај Карпалак.

 

 

Во однос на обвинувањата на од страна на СДСМ дека анкетата била нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски истакна дека анкети нарачуваат политички партии за да се види расположението на народот помеѓу два изборни циклуса.

„Анкети нарачуваат политички партии. Значи, анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси. Секако најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија“, рече Николоски.

Додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, кој ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, до сега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа и ако тие излегуваат со тие бројки, тогаш во тој момент тоа е расположението на народот и доказ за тоа е и бегањето на власта и од избори и од референдум.

Николоски од Прилеп ја повика власта предводена од СДСМ и ДУИ, за да се увери дека бројките од анкетата се вистините, нека се согласи за предвремени парламентарни избори и за организирање референдум, каде што граѓаните преку овие две форми на непосредна демократија ќе ја кажат најточната анкета.

„Во однос на резултатите на анкетите, тие се апсолутно точни. Се работи за најголемата куќа во Европа за истражување на јавно мислење, тоа е француски ИПСОС кој што до сега нема промашено истражување, не само на Балканот туку зборувам на ниво на Европа. Така што, доколку ИПСОС излегува со тие бројки, тогаш во моментот тоа е расположението на народот. А всушност, најдобар доказ дека бројките се вистинити и на тоа што власта предводена од СДСМ и од ДУИ бега од две клучни работи на кои што точно може да се види расположението на граѓаните. Првото се предвремени парламентарни избори и второто е референдум на кој што граѓаните масовно ќе го одбијат овој бугарски предлог. Така што, ова се двете форми на непосредна демократија каде што граѓаните можат да ја кажат најточната анкета. Ги повикувам од тука, од Прилеп да се согласат и на предвремени избори и на референдум“, истакна Николоски.