Николоски на средба со папскиот нунциј. Јакне соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Ватикан


Денеска остварив средба со Неговата Екселенција Монсињор Анселмо Гуидо Пецорари, папски нунциј за Македонија и Бугарија и Франческа Адриана Скорза. На средбата уште еднаш беа потврдени односите на највисоко ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија и Ватикан. Зачувувањето на демохристијанските вредности е од огромно значење за државата и општеството. За ВМРО-ДПМНЕ зачувувањето на традиционалното семејство, борбата со пороците и слободната економија и десничарскиот поглед на светот се приоритет.

На средбата разговаравме и за состојбата во Република Македонија, визиите и планот на ВМРО-ДПМНЕ и насоките во кои се движи Република Македонија како и за одличните односи помеѓу католичката и православната црква во Македонија.

Во октомври 2019 во рамки на посетата на Ватикан остварив средба со Кардиналот Пијетро Паролини кој воедно е државен секретар на Ватикан и прв човек на политичките и државните операции. ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува одличната соработка со Ватикан.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 160 случаи со Ковид-19, тројца починати, 368 оздравени пациенти

Скопје, 14 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, […]

Без негативен ПЦР-тест за влез во Грција само возачи на товарни моторни возила - МИА
Вести

Без негативен ПЦР-тест за влез во Грција само возачи на товарни моторни возила

Скопје, 14 август 2020 () – За влез во Република Грција од 17 август, не e потребен негативен ПЦР-тест само за возачи на товарни моторни возила, информираат од МВР. МВР вчера соопшти дека од понеделник […]