Николоски: Филипче само држи прес-конференции, а ни еден респиратор не е купен


Имам чувство дека нашите опоненти од СДСМ критиките ги сфаќаат многу лично. На пример, ние не ја критикуваме Нина Ангеловска, ние не ја критикуваме министерката за финансии. Верувам дека сите тие се добри личности, но има пропусти во политиките, не значи ако сте добар како човек сте и добар министер, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на  Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Тој укажа „ние сме опозиција  и мораме да критикуваме за да се подобрат работите од тоа зависи здравјето на сите, зависат животи“.

-Мора да критикуваме зошто не се тестира доволно. Желба на ВМРО-ДПМНЕ е министерот з аздравство да ја врши работата одлично. Наш интерес е министерот да е добар и  да пружи соодветна здравствена заштита, а гледаме дека не е добар и затоа критикуваме. Дај боже да е добар први ќе го поддржиме зошто се работи за здравјето на сите.  Нас не не’  интересира кој е како доктор, како неврохирург, туку како министер. А гледаме многу ПР, малку работа, многу прес конференции слабо справување со проблемите. Проблемот не е од вчера, трае веќе три месеци, а во Македонија не е купен ни еден респиратор, ниту една машина за тестирање, посочи Николоски укажувајќи дека во Македонија здравство е заложник на фармацевстката мафија.

-Постојат неколку веледрогерии и неколку други луѓе кои имаат силни приватни интереси во здравстото кои 30 години се исти или слични и го уништуваат македонското здравство заради профит и затоа имаме вакво здравство какво што имаме. Потценување на кризата на почетокот, затоа дојдовме во ситуцаија или да нема респиратори да се купат или тоа што се наоѓа да е прескапо, тоа е поради неодговорноста, имаше и обид да се направи криминелен бизнис, посочи Николоски.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]