Наум Стоилковски: Одлуката на Уставниот суд да ја отвори иницијативата во овој момент е политичка, а не е правна


Обвинителите, истражителите и сите службени лица кои биле дел од злосторничкото здружување на Катица Јанева, мора да бидат суспендирани се до завршување на истрагата за аферата „Кеш“ со чие излегување во јавноста видовме дека преку СЈО биле проневерени милиони евра пари од граѓаните.



Само на овој начин, само така јавноста ќе има гаранција дека соработниците на Кaтица Јанева и на Зоран Заев нема да влијаат и да ја попречуваат истрагата за тоа каде и како завршија над 10 милиони евра.

СЈО на вработените и на физичките лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра, пари од Буџетот на Република Македонија.

Анализата на трошењето на СЈО, покажува дека доминираат исплатите од ставката договорни услуги, односно 87% од вкупните расходи на СЈО се по таа ставка, договорни услуги.

Анализата покажува дека се оправдани сомненијата дека милиони евра се исплаќани преку СЈО за купување на политичка поддршка на Зоран Заев, особено во моментите кога таа највеќе му требала, а тоа е за време на изборните процеси во Република Македонија.

1. Анализата на исплатите по основ на договорни услуги, покажува дека тие нагло се зголемуваат токму помеѓу третиот и четвртиот квартал од 2016 година, а изборите во Република Македонија се одржаа на 11 декември 2016 година. Оваа динамика на зголемени исплати трае се до третиот квартал од 2017 година, а знаеме дека кога на 29-ти октомври 2017 година беше одржан вториот круг од локалните избори. Ваквата анализа остава простор за огромен сомнеж за причините за исплаќање на парите од СЈО односно за прашањето дали има поврзаност за растот на наплатата за услугите со изборниот процес во 2017 година?

2. Компаративна анализа на исплатите на физичките лица за третиот квартал од 2016, 2017, 2018 и 2019 година, по основ на договорни услуги од страна на СЈО, оваа компаративна анализа покажува дека истите тие исплати својот врв, својот пик, го доживуваат токму на 30-ти септември 2018 година. Тоа е месецот кога беше спроведен неуспешниот референдум за капитулантскиот договор од Преспа. И повторно, еве го прашањето има ли поврзаност меѓу овој скок на наплатите во период на Референдумот?