Насер Зибери: Убедлива победа на концептот „прв премиер Албанец“


Насер Зибери: Убедлива победа на концептот „прв премиер Албанец“ - МИА

Тетово, 15 јули 2020 () – Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери пред новинарите во седиштето на партија изјави дека бележат убедлива победа во многу места низ државата.

– Резултатите, неофицијални прелиминарни се разбира, говорат за убедлива победа во речиси сите населени места од најјужните од Ресен, Битола, Струга и Дебар, завршувајќи со Лојане на север. Чекаме официјални од ДИК и тие резултати да се претворат во мандати, зошто мандатите ќе се утврдуваат на основа на степенот на гласање, истакна Зибери.

Тој рече дека не сака да шпекулира со бројките на мандатите, со оглед дека и ДИК има проблеми околу објавување на информации. Воедно не сакаше да процени колку е прифатлива понудата на ДУИ за коалицирање кај другите партии од албанскиот блок.

– Не можам да шпекулирам каков ќе биде ставот на другите политички партии, нашиот став е јасен ние сакаме да градиме едно општество за сите, а јас сметам дека сум соодветната личност за тоа за тоа општество каде секој граѓанин ќе има еднакви можности за напредок и општество во кое секој ќе се чувствува како во своја куќа. Дозволете некои ставови да ги изнесе претседателот на партијата Ахмети, јас ги изнесов овие што сметам дека се во моја надлежност. Сепак преговорите ќе ги води Ахмети, порачи Зибери. ас/


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*