Намалувањето на изложеност на сонце го намалува ризикот за појава на рак и стареење на кожата


За викендот до 35, а следната недела и до 38 степени - МИА

Скопје, 1 август 2020 () – Клиниката за дерматологија предупредува дека прекумерното изложување на сонце, особено на ултравиолетовите (УВ) зраци од сончевиот спектар, од најраната детска возраст, е главната причина за појавата на меланомот, не-меланотичниот кожен рак и стареењето на кожата.

Најголемо влијание имаат изгорениците од сонце, но и долготрајното изложување на сонце без појава на изгореници е ризик фактор за појава на штетните ефекти на УВ зраците, се наведува во денешното соопштение од Клиниката за дерматологија.

– Луѓето со светол тен и светла боја на очите кои лесно горат на сонце, имаат многу бенки или пеги, црвена или светла коса, се со особен ризик за развој на кожен рак и стареење на кожата.Намалувањето на времето на изложеност на сонце го намалува ризикот за појава на кожниот рак и стареење на кожата. Но, не се препорачува ниту целосното избегнување на изложеност на сонце заради многубројните позитивни ефекти на сонцето, како што се синтезата на витаминот Д, антидепресивното влијание и поволното дејство на кардиоваскуларниот систем, се појаснува во соопштението.

Најсигурна заштита, потенцираат, е да не се излегува на сонце во периодот од 11.00 до 17.00 часот. Особено треба да се внимава кога УВ зрачењето се зголемува заради рефлексијата од снегот, белиот песок или бетонот.

– Облаците во мал степен претставуваат заштита од сончевото зрачење, додека пливањето во вода или ветер не обезбедуваат заштита, информираат од Клиниката.

Од установата препорачуваат кожата да биде заштитена со облека, најдобро густо ткаена, широка облека, да се носи шапка за заштита на лицето, вратот и ушните школки, како и очила со УВ заштита. Важно е да се биде сокриен од сонцето пред кожата да се зацрвени. Сенка од дрвја со густа крошна или од зграда би било идеално решение.

Лекарите препорачуваат и да се користат креми со висок заштитен фактор (најмалку SPF 30) за заштита од УВБ зраците кои предизвикуваат изгореници или крем со четири или пет ѕвезди на логото со што се овозможува заштита од УВА зраците кои се одговорни за појава на кожен рак и стареење на кожата. Редовното нанесување на заштитен фактор на секои два часа, се подвлекува во соопштението, е битно за реактивација на кремот.

– Луѓето кои примаат лекарска терапија или имаат заболувања кои ги прават особено осетливи на сончевата радијација треба да побараат совет и терапија од своите доктори, а бебињата и малите деца воопшто не треба да се изложуваат на директно сончево зрачење, стои во соопштението од Клиниката за дерматологија.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*