На седница во 17 часот ќе се одлучува дали ќе има 58-часовен карантин за викендот



Владата го објави третиот сет економски мерки во вредност од 355 милиони евра - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека денеска, на владина седница во 17 часот, ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд.

Спасовски уште еднаш нагласи дека одлуките во однос на ситуацијата со коронавирусот се носат исклучиво врз основа на оценките на науката, на стручните луѓе и во тој контекст сите партии имаат речиси идентичен став, освен претставникот на опозицијата.

-Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе, истакна Спасовски кој денеска присуствуваше на предвањето на донацијата на респиратори на Клиниката за инфективни болести.

Тој потенцира дека политички одлуки не се решение на здравствени проблеми.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]