На 33 осто обработени податоци СДСМ води со тројца пратеници, велат од партијата


На 33 осто обработени податоци СДСМ води со тројца пратеници, велат од партијата - МИА

Скопје, 15 јули 2020 () – СДСМ на 33 отсто обработени податоци од гласањето на предвремените парламентарни избори води со тројца пратеници. Трендот е  во постојан раст, брифираат извори од СДСМ за .

Првичните резултати коишто стигаат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалцијата „Можеме“. Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалцијата „Можеме“. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција, истакна претходно денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по затворањето на избирачките места.

Тој упати благодарност до сите граѓани што излегле да гласалаат,  почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот и го дале нивниот придноес кон развојот на нашето демократско општество.

– Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес и затоа треба да бидеме горди.  Во овие вонредни околности уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици и пред се да ги заштитат граѓаните нивното здравје но и да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процесм нагласи Николовски.

Тој посочи дека изборниот ден минал во најдобар ред. 

 

 


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Течат разговорите за формирање нова влада, засега ништо официјално

Скопје, 6 август 2020 () – Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19 - МИА
Вести

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Скопје, 6 август 2020 () – Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а […]

Вести

Осумдесет и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени

Скопје, 5 август 2020 () – Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени. Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*