МВР: Министерот Спасовски на средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев


Безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица Кавадарци е стабилна, рече министерот Оливер Спасовски во изјавата за медиумите по посетата на ПС Кавадарци и Регионалниот центар за гранични работи-Југ.


 

-Разговаравме за проблемите со кои колегите се соочуваат во работењето и начините како тие да се надминат. Полициската станица доби задача за правење на сите подготовки за воведување на позорната служба во Кавадарци- рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на која разговараа за прашањата кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир.

-Разговаравме околу можноста противпожарната служба да се приклучи на тетра системот. Покрај тоа, договоривме градоначалникот на Кавадарци заедно со неколку фирми од градот да донираат едно интервентно возило на полициската станица Кавадарци- рече Спасовски, додавајќи дека тоа е уште еден пример за добрата соработка меѓу МВР и локалната самоуправа.