МТСП: Обезбедуваме полесен пристап до социјалните услуги за граѓаните


Стручни работници од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Центрите за социјална работа (ЦСР), установи за социјална заштита и граѓанскиот сектор од 10 до 13 овој месец во Струга, посетуваат обуки за тренери за интегрирано управување со случај и документација, како дел од севкупната реформа на системот на социјалната заштита во кој корисникот и неговото семејство се ставаат во центарот на вниманието, а индивидуалните потреби ќе бидат основа за обезбедување на правата и услугите кои се предвидени во новиот Закон за социјална заштита.

Дoполнително, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, се зајакнува соработката меѓу Центрите за социјална работа и Центрите за вработување преку активацијата на корисниците приматели на гарантиран минимален приход. Со координирана и заедничка акција ќе се нудат мерки и активности за зголемување на вработливоста и како крајна цел вработување на корисниците на правата од социјална заштита, со што трајно треба да излезат од кругот на сиромаштијата.

– Во насока на поголема пристапност и достапност до правата и услугите од социјалната заштита, се отвораат и општински канцеларии за социјална работа во сите 80 општини во државата. Паралелно отворен е јавен повик до општините за пројавување на интерес за развој на социјални услуги во локалните заедници, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра од заем на Светска Банка, стои во соопштението.

Со новиот метод на работа се обезбедува поквалитетна социјална и детска заштита и полесен пристап до правата и услугите за граѓаните. Се обезбедува ефикасна и ефективна употреба на ресурсите на заедницата, професионална тимска работа, како и надминување на проблемите што произлегуваат од поделбата на услугите.

Обуките се организирани од МТСП и УНИЦЕФ и се во насока на понатамошно јакнење на капацитетите на центрите за интегрирано управување со случаеви. Во наредниот период, почнувајќи од месец Октомври, стручните лица коишто се обучуваат за тренери за интегрирано управување со случаи, понатаму ќе го пренесат стекнатото знаење на сите стручни лица вработени во Центрите за социјална работа во Република Северна Македонија.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]