Младински форум – Алтернатива: 24 јануари – Меѓународниот ден на образованието е потсетник за деградирањето на нашето образование


Скопје, 24 јануари 2020

На Денот на меѓународното образование, што е одреден од Организацијата на обединетите нации, денес сме овде да се потсетиме на големата негрижа која нашата држава ја покажува за образованието, воопшто, и за образованието на албански јазик, посебно.

Иако ООН предвидува овој век да биде векот на образованието, за жал образованието во нашата држава се деградира секој ден се повеќе, ова е не само во спротивност со меѓународните резолуции туку и во спротивност волјата и очекувањата на нашите граѓани. Ова го покажуваат не само  меѓународните тестирања, како што е ПИСА, но и мизерната состојба на училиштата и универзитетите, учебните текстови, а воопшто, и мизерната состојба на образовниот систем.

Жално е што Министерството за образование и наука не се занимава со своите основни обврски за подобрување на нашето образование, туку се занимава со манипулацијата на јавноста, залажувајќи ја и покривајќи ги така реалните проблеми во нашето образование.  Примерите за ова деградирање се многубројни и нема потреба за докази, а како потсетник ќе кажеме дека партијата којашто управува со оваа област по десетпати ги ветува истите работи и тие никогаш не завршуваат. Таков е и случајот со основното училиште во Мала Речица во Тетово, за кое ветија дека ќе се изгради пред многу години, а и денес ветуваат дека ќе го изградат до 2021 година. Исто како што е и долгогодишното ветување за објектот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, исто како и долгогодишните ветувања за промена на имињата на две училишта во Чаир, како и ветувањето за училиштето во Идризово, исто како и ветувањето за основното училиште во Блаце.

Затоа, сеќавајќи се на овој ден и важноста на образованието, го замолуваме министерот за образование да не ветува повеќе, затоа што тие ветувања веќе станаа атрибути кои сериозно му штетат на неговиот углед. Меѓутоа, доколку навистина сакате да знаете и научите како се работи, можеме да го понудиме нашето искуство во Министерството за култура, каде што дури и без ветувања, го основавме Гостиварскиот театар, го обновивме Домот на култура во Неготино, Општина Врапчиште, во фаза на изградба е Домот на  култура во Боговиње, го институционализиравме Детскиот театар во Скопје и создадовме и институционализиравме неколку културни активности кои ќе останат постојан имот на нашата култура. А, кога станува збор за образованието, АлтернАтивА во својата програма предвидува конкурентно основно образование според европскиот модел на задолжително стручно насочување, средно стручно образование поврзано со пазарот на трудот и високо образование што освен врската со пазарот на трудот овозможува стручно унапредување на конкуренцијата во европски сразмери.

Сепак, остануваме со надеж дека по 12 април Министерството за образование нема да го раководи лице од партија кој ветува и не спроведува, така што следната година ќе го одбележиме 24 јануари, наведувајќи ги и успесите во образованието, како во културата.

Афан Елези, претседател Младински форум – АлтернАтивА


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]

Вести

На шверцерски начин донесен Законот за јавно обвинителство

– Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, […]