Митрeски: Избори во првиот можен рок заради заштита на здравјето на граѓаните



 

Веќе ја живееме новата нормалност, свесни дека коронавирусот нема да исчезне.

Да се зачува здравјето на граѓаните, да заживее и да се развива новата економија, да се обезбедат функционални институции, треба да биде врвен приоритет на сите политички чинители во државата.

Во момент кога анализите на комисијата за заразни болести и на Светската здравствена организација, алармираат на нов пик на коронавирусот со кој би се соочиле наесен, треба да биде одговорност за сите партии, навремено да се воспостави стабилен целокупен политички систем, кој на здрави нозе, со целосно функционални институции, ќе го дочека новит бран на коронавирусот.

Избори треба да се одржат што поскоро, согласно сите заштитни протоколи, додека состојбата со COVID 19, може да се контролира.

Односно, додека границите се затворени, како и градинките и училиштата, со што значително се превенира внесување на вирусот во државата и негово ширење.

Тоа е одговорно од аспект на заштита на здравјето на граѓаните, за рестарт на економијата, функционални демократски институции и целосна подготвеност за справување со последиците од Ковид и за очекуваниот нов пик на есен.

Како што ја креваме економијата, да не дозволиме повторно удар врз стопанството наесен.

СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа учествувавме на лидерските средби.

Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните.

Договор е можен се додека трае вонредната состојба. Ако нема договор по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни.

Мора да водиме грижа за сите аспекти, пред се здравјето на граѓаните, економијата и целосно функционални институции. Не смееме да и нанесеме штета на државата, на здравјето на граѓаните ниту пак да ја доведеме земјата во уставна криза.

Јован Митрески, кандидат за пратеник на СДСМ од ИЕ 5


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]