Мисајловски: Во државата никој не знае на кој начин учениците ќе следат настава


Никој во Македонија не знае на кој начин учениците ќе следат настава,  а мајки протестираат затоа што мора се вратат на работа, а нема кој да им ги чува децата, истакна потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната собраниска седница.

Тој покрај тоа посочи дека иако денеска се зборува за новите заменици министри, но тие не се присутни на седницата на која треба да ги изберат, а Заев во својот говор не кажа ништо повеќе за нив.

-Во говорот на Заев не слушнавме ништо за нив, ниту кои се нивните квалитети, начинот на работа кои се оние проекти кои што ќе ги  водат и за што ќе бидат задолжени. Јас знам дека оваа мафијашка Влада ќе размислува на освета, реваншизам, како да се загорчи работењето на опозицијата, истакна

Мисајловски во своето обраќање зборуваше  за темата за економијата и за Ковид кои се многу важни како и за поскапувањето на струјата.

-Дали знаете господине Заев дека вечер пред Влада ќе дојдат мајки кои ќе плачат бидејќи не знаат што да прават со своите дечиња, дали знаете дека тие жени сакаат да се вратат на работа, но не можат. Дали знаете дека тие жени не се криви, оваа ситуација е вонредна ситуација. Додека се одржуваа лидерски средби, знаете многу добро додека се носеше вонредна ситуација, се збореше за нови уредби за законот за марихуана. Но изгледа во овој период се пропушти шанса за овие луѓе. За десетина дена дечињата треба да започнат на училиште, но никој не знае како оваа земја дечињата на кој начин ќе следат настава. Јас ова го зборев и во изборна кампања. Јас имам две дечиња и не знам како тие ќе ја следат наставата, истакна пратеникот.

Тој во врска со сето ова додаде дека овде има и друг проблем а тоа е дали приватните компании ќе ги отпуштат од работа оние родители кои имаат мали деца и тоа е тема која треба да се реши.

Имено Мисајловски укажа и на темата дали Албанците ќе им се даваат субвенции, дали на другите етникуми треба да им се даваат субвенции, каде потенцираше дека според него оној што е квалитетен треба да добие работа и најдобрите нека се вработат, а не по етничка основа.


Вести

Нови 594 случаи на КОВИД-19, оздравени 162, починати три лица

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица. Како што соопшти […]

Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*