Министерот Димитров се сретна со новиот кинески амбасадор Ѕуо


 Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Кина во државава Џанг Ѕуо пред кого изразил очекување  ека односите и севкупната соработка меѓу двете земји дополнително ќе се продлабочат и интензивираат.

– На средбата беше изразено заемно задоволство од воспоставениот политички дијалог меѓу двете земји, како и од степенот на развој на економската соработка, што ги вклучува и активностите и проектите во рамки на „Процесот 17+1“. Димитров исто така ја истакна подготвеноста за понатамошно унапредување на севкупната соработка, соопшти МНР.

Амбасадорот Ѕуо, стои во соопштението, го нагласи своето задоволство што доаѓа во пријателска држава со која минатата година беа одбележани 25 години дипломатски односи. Тој истакнал дека за време на неговиот мандат во Република Северна Македонија, ќе работи на натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и издигнување на економската соработка на уште повисоко ниво.

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]

Вести

Се иницира нов закон за легализација на дивоградби

Владата денеска на седница усвои Информација за потребата од донесување нов закон за утврдување правен статус на бесправни објекти и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена да достави Предлог […]