Министерот Чулев ги посети РЦ Исток и полициските одделенија при СВР Струмица и Штип


Министерот Чулев ги посети РЦ Исток и полициските одделенија при СВР Струмица и Штип - МИА

Скопје, 10 јули 2020 () – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети Регионалниот центар Исток, одделенијата за внатрешни работи во Делчево и Берово и полициското одделение во општина Ново Село.

Организацијата на парламентарните избори со посебен фокус на спречување на изборниот поткуп беа темите во фокус на работните состаноци. Од страна на раководствата на трите одделенија министерот Чулев беше запознат со мерките и активностите кои се преземаат од нивна страна, а со кои треба да се гарантираат безбедни и демократски избори. Од нивна страна беше потенцирано дека веќе се изготвени оперативните планови со кои се покриваат критичните точки, соопшти МВР.

Министерот Чулев потенцираше дека изборите мора да бидат фер и демократски, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат и во таа насока обврска на полициските службеници, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи е да ги преземат сите неопходни мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на изборите.

-Секој обид за поткуп или за било какво влијание врз гласачите ќе биде соодветно евидентиран и ќе бидат преземени мерки за негово санкционирање, истакна Чулев.

Тој ги повика полициските службеници да постапуваат согласно законските прописи и да се отргнат од било какви политички влијанија и притисоци. – Обврска на секоја полициски службеник е да го штити интересот на граѓаните и безбедноста на државата и кога ова е во прашање нема и не постои никаков компромис, додаде Чулев.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*