Милошоски: Луѓе кои што гласале на последните избори за Заев, денес се срамат што ваков човек ја претставува државата


Вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, гостуваше Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека има луѓе кои што гласале за Заев, а денес се срамат што тој е премиер и ја претставува Република Македонија.

„Има и луѓе во Република Македонија оние кои што припаѓаат кон СДСМ, луѓе кои што гласале на последните избори за Зоран Заев кои што се срамат што ваков човек ја претставува државата“, истакна Милошоски.

Молошоски додаде дека и на меѓународно ниво и помеѓу дипломатите во Македонија, но и на поширок план регионален смета дека има политичари и дипломати кои што се потсмеваат на Македонија поради Зоран Заев.

„Поголем дел на граѓаните на Република Македонија се чувствуваат непријатно или дел од нив засрамени што Заев ја претставува државата како премиер“, нагласи Милошоски.

Милошоски вечерва во емисијата истакна дека е апсурдно Заев да добие награда за постигнувања во рамките на заштита на човекови права, во време кога поради него во Македонија имаме најголем прогон на новинари, најголем рекет на стопанственици кои што не му се истомисленици, најголема селективна правда на политички опоненти.

„Тоа што е уште почудно е тоа што т.н. награда се доделува за постигнувања во рамките на заштита на човекови права. Јас не гледам што Заев направил конкретно за да заштити нечии човекови права. Во негово време имаме најголем прогон на новинари, најголем рекет на стопанственици кои што не му се истомисленици, најголема селективна правда на политички опоненти, тоа воопшто не одговара со човекови права дури ни за македонски услови а камо ли за германски“, нагласи Милошоски.

„Меѓународниот кредит на Зоран Заев е потрошен, тој веќе е искористен џогер во политичка смисла на зборот. Самиот го потроши тој кредит затоа што власта ја злоупотреби за да влезе во силно рекетирање на политички, стопански, медиумски и други субјекти“, нагласи Милошоски.

Милошоски образложи дека кредитот на Заев кај меѓународната сцена е потрошен, а тоа се увиде по сликањето во владиниот авион заедно со Бујар Османи, Анѓушев велејќи дека добиле датум за преговори. Но кога слетаа во Македонија увидоа дека датумот го нема.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*