Милошевски вети проекти за туристички развој и промоција на Охрид

Развојот на туризмот е нашиот врвен приоритет затоа што значи истовремено и директно и индиректно зголемување на бројот на вработени во градот. Со сериозна стратегија и пристап кон една од најважните економски гранки за охриѓани-туризмот, директно ќе придонесеме во локалната економија која после падот и стагнацијата во последната година ќе даде оптимистички показатели, истакна денеска Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

Како проекти во таа насока ги посочи формирање на Локален економски совет за интезивирање на соработката помеѓу општината и приватниот сектор, изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид за правилно насочување на ресурсите во градење на модерна индустрија која е неопходна за остварување на одржлив економски развој, отворање Туристичко биро во рамки на ТЛЕР што ќе функционира во туристичко-информативниот центар преку кое ќе оди промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, информација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл.

Милошевски уште најави воведување бесплатен бежичен интернет на најпосетувани локации во градот што ќе биде достапен и за граѓаните и туристи, традиционално одржување на туристичка „Промотивна Тура“ со цел широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани, поддршка на фестивалот „OHRID CALLING“ како бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот.

Уште посочи планови за воведување видеонадзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес за да се зголеми безбедноста, набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување за зголемување на квалитетот на манифестациите и збогатување на туристичката понуда на Охрид, поддршка на туризмот преку конгреси, семинари за развој на конгресниот, здравствениот, културниот, верскиот, спортскиот и сите видови туризам, како и континуирана промоција на градот во светот.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]