Мицковски: Народот кажа „стоп“ за Договорот



– Граѓаните кои гласаа против и граѓаните кои апстинираа од гласање денеска ја испратија најсилната порака „Ова е Македонија, овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите претци биле Македонци, а такви ќе бидат и нашите идни генерации“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната прес-конференција.

Тој оцени дека референдумот е длабоко неуспешен и оти политиката на Зоран Заев и неговата Влада потфрлила. – Бројот на оние што апстинираа и гласаа против е драстично поголем од оние што го поддржаа Договорот. Народот покажа истрајност, демократија и патриотска свест, рече Мицкоски.

Оцени дека народот не успеале да го скршат ниту уцените, заканите, јавувањата на директори на институции, изготвени списоци… Додаде дека во иднина некој ќе одговара бидејќи штабот на СДСМ ги имал броевите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и се обидувал преку пораки и наводно испратени од ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање. Според Мицковски, некој ќе одговара и за полнење на кутиите во Сарај и Струга каде на минатите избори излезеноста била 45 отсто, а сега 95 отсто.

– Денеска речиси 1,2 милиони луѓе кажаа дека се против Договорот, но и дека се за ЕУ и НАТО. Овие луѓе ја сакаат европска Македонија, но се против Договорот за промена на името, рече Мицкоски.

Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори, Мицковски кажа дека Заев не треба да бара предвремени парламентарни избори, туку оти му е подобро да се подготвува за политичка пензија.


Нови 37 случаи со Ковид-19, 251 оздравени, шест починати - МИА
Вести

Нови 186 позитивни на коронавирус, 85 оздравени и седум починати лица

Скопје, 17 септември 2020 () – Во изминатите 24 часа се регистрирани 186 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.674  тестирања. Во истиот период регистрирани се и 85 оздравени, но и седум починати лица. Министерството […]

Ѓоргиев: Делчев може да се слави од двете страни, нова средба на комисијата на крајот на месецов - МИА
Вести

Ѓоргиев: Бугарскиот меморандум не е во функција на постигнување успех на заедничката комисија

Скопје, 17 септември 2020 () – Барањата и ставовите на Софија длабоко ги еродираат заложбите за добрососедство, а едностраните и исклучиви оценки може да ја направат беспредметна и работата на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски […]

Во Бугарија, Софија е жариште на епидеммијата - МИА
Вести

Нови услови од Бугарија за преговорите со ЕУ

Скопје, 17 септември 2020 () – На шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија, Бугарија испрати објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*