Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Тера телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ работи на единство и дека со огромната победа која ќе дојде на следните парламентарни избори ќе следи и голема одговорност за секој еден што кршел закони од сегашната власт.
– Потребно е единство на нацијата, наспроти сето она што е погрешно и лошо кое ни се случува. Тоа единство мора да го победи лошото. Порака на единство, обединување околу ВМРО-ДОМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ да отвори за повеќе енергија да биде обединета, а со тоа ќе дојде една огромна победа на следните парламентарни избори, рече Мицкоски,
Мицкоски нагласи дека со таа огромна победа следи и огромна одговорност бидејќи очекувањата ќе бидат големи и треба да се прават еден чекор како два, затоа што нема многу време, а второ толеранцијата кај граѓаните нема да биде таква како изминатите три децении.