Мицкоски потврди дека од надлежниот во МВР барал да се реши случајот „Теретана“



Мицкоски: Избори не може да има до 30 јули, ако Владата сака да исполни дел од мерките од вториот и третиот сет - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска потврди дека го побарал надлежното лице во МВР за случајот „Теретана“ и оти побарал да се почитува законот и побрзо да се реши случајот со цел македонската јавност да биде точно запознаена со вистината.

Телефонскиот број го побарал од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и инсистирал, како што кажа, тоа да биде кадар поставен од претходниот министер за да не се испостави дека тие нешто злоупотребуваат во МВР.

-Откако го добив бројот од надлежното лице, му пратив порака со содржина: Здраво, би сакал да се слушнеме, Христијан Мицкоски. И таа порака јас ја чувам. Потоа, конкретното лице ми се јави и го замолив сѐ да биде според закон и побрзо да се реши овој случај. Бидејќи сметам дека сум следен, прислушуван, еве ги охрабрувам да го објават разговорот и македонската јавност да ја слушне вистината, рече Мицкоски на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски потенцираше дека бара разговорот да биде објавен за јавноста да види што навистина разговарал тој со надлежниот во МВР, притоа наведувајќи дека нема намера никого да тужи.

-Нема да тужам никого, ниту човекот со кого разговарав, ниту техничката заменик-министерка, ниту МВР. Ве молам извадете го разговорот и нека види јавноста што е, бидејќи конструиравте таква ситуација, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски кажа дека како јавна личност за него било очекувано да има конструкции од политичките противници.

Лидерот на опозицијата рече дека ќе се јавува секаде и секогаш за да се дознае вистината, како што направи околу превозот на македонските граѓани од странство на почетокот на епидемијата кога му се јавил на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Мицкоски потврди дека се познава со Александар Верушевски, синот на Зоран Верушевски кој е советникот за безбедност во Владата, кој тајно го снимал Зоран Заев летото пред четири години.

-Да, се познавам со Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг. И она што можеби е значајно да го знае македонската јавност – тој е и голем патриот, рече Мицкоски на прес-конференција.


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]