Мицкоски: По победата ќе треба да ги засукаме ракавите да ја обновиме Македонија


Мицкоски: По победата ќе треба да ги засукаме ракавите да ја обновиме Македонија - МИА

Скопје, 4 јули 2020 () – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека коалицијата што тој ја предводи, со поддршка на народот убедливо ќе победи на претстојните парламентарни избори. Потоа, рече, сите заедно да ги засукаме ракавите и да работиме за обнова на Македонија каква што сме наследиле и каква сакаме да им оставиме на идните поколенија.

-Изминатиот период чекоревме полека за да не паднеме, за да не се враќаме неколку чекори наназад и да мора да почнуваме се одново. Меревме, премерувавме носевме одлуки кои можеби секогаш не беа допадливи, но, тоа беа одлуки кои нас не донесоа до крајната цел, а тоа е што побргу да ни се случат предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Сакавме да војуваме, рече, но тоа да биде војна со извесен крај, а тоа е победа.

Кога на човек ќе му се случи нрешто лошо, рече тој, како што на Македонија и се случила оваа власт, не треба да се очајува, туку да се исправи и да продолжи да се бори во она што верува.

– Колку нашиот сон  и она во што веруваме е поголемо, повелико, толку искушенијата на тој пат до таа крајна цел се потешки и толку нашата борба е поисправна. Наша цел е онаа Македонија за која сонуваме, онаа Македонија која што ја наследивме и онаа Македонија која што сакаме да им ја оставиме на нашите потомци. Нашата  Македонија. Тоа е голема и велика цел. Затоа заедно да се бориме, рече Мицкоски пред граѓаните во општина Кисела Вода.

Нашата борба, додаде тој, започнува на 15 јули. Имаме многу за обновување, потенцира Мицкоски, ќе треба да ги засукаме ракавите и да ги поправаме грешките на оваа власт за да си ја обновиме Македонија од пепелта која што ќе ни ја остават.

-Треба многу грешки да поправаме за некои ќе треба веднаш да делуваме брзо и одлучни, а за некои можеби ќе треба повеќе време, но важно е да ги засукаме ракавите да се обединиме како што многупати во историјата македонскиот народ се обединувал и се спротивставувал пред многу поброен и помоќен противник од ова раководство на СДСМ.

Пред присутните се обрати и професорката Гордана Силјановска Давкова,носител на ИЕ 1, која е убедена дека граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на овие избори.

Рече дека претходните нпретседателски избори биле само вовед и отвориле порта за она што ќе се случува на претстојните парламентарни избори, а тоа е, потенцира таа, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

-Ќе се согласите дека не само во Македонија, туку и ширум светот сите кои се Македонци од Македонија сега се обединија околу најважните нчетири букви за македонската историја ВМРО и тоа тоа го знаат. Го разбудија вмровскиот код во секој човек ширум светот и сега она што е следно е вториот дел од името на оваа партија –  партија за демократско национално единство. Никогаш, рече таа не било попотребно поважно национално единство од денес, истакна таа.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*