Мицкоски оствари средба со амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска (1.14.2020) остварија средба со амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, стратешките определби и проблемите со кои се соочува државата и престојните парламентарни избори.

Тој потенцираше дека САД е стратешки партнер на Република Македонија и се заблагодари за помошта која нашата држава ја добива од осамостојувањето до денес.

Мицкоски истакна дека членството во ЕУ ќе биде клучна стратешка определба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата има визија и план како да ја стави државата на брза патека за исполнување на оваа цел.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на соговорниците им посочи дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на патот кон Европската Унија, а недостатокот на реформи и круцијални проблеми со криминалот и корупцијата се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Тој напомена дека постои голем број на нерешени корупциски афери во кои дел се дел високи партиски и државни функционери на СДСМ.

Тој воедно и се заблагодари на амбасадорката Брнз за алатката за транспарентност и отчетност „Open finance“ која им овозможи на граѓаните увид во тоа како се трошеле и се трошат нивните пари, а овозоможи и разоткривање на низа злоупотреби од страна на државни функционери.

Во однос на престојните парламентарни избори, соговнорниците беа согласни дека фер и демократскиот изборен процес на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја ќе е клучен за иднината на Република Македонија.

Соговорниците се согласија дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, и дека постои можност за натамошна соработка на полето на економијата, воената соработка и размената на знаење и искуства.


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]