Мицкоски: Од моментот кога Заев и Караџовски прогласија победа над короната бројот на заразени се триплираше, за ова мора да има одговорност


 

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што посочи дека има доста поважни теми од циркусот што го приредија послушниците на Зоран Заев. Мицкоски потсети дека за жал денеска има 120 заболени од Ковид-19.

„Логично е да дојде до олабавување на мерките кога видовме некое мини славење во Владата, бидејќи како што рекоа е ставен крај на епидемијата, дека ситуацијата се подобрува. Всушност сите држави така постапуваа кога дојдоа до крај на пандемијата што е нели логично, само разликата е што кај нив навистина има крај на епидемијата со корона вирусот, но не и кај нас“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21

„Но, што се случува кај нас има зголемување на број на новоинфицирани, а никој не сносни одговорност. Ние цениме дека некој треба да сноси одговорност бидејќи од денот кога се прогласи победа кај нас не само што не се намали кривата, туку таа се исправи и соборуваме рекорди. Многу лоша и алармантна е ситуација.  Никој ама баш никој не сноси одговорност денес. Било кој граѓанин денес да го прашате која мерка ќе ви каже карантин. Таква одлука донесе и Комисјата за зарзни болести составена од директори на клиники и еден кандидат за пратеник исто директор на клиника, и Караџовски кој покажа повеќе политички способности отколку здравствени“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека бројката на новозаразени се триплираше или четририкратно се зголеми.

„И по ова или за ова никој не сносни одговорност. Има луѓе во фелата експерти, епидемиолози, инфектолози кои се натпартиски и логично е ако га оваа Комисија не успеа да се работи во друга насока“, посочи Мицкоски.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]