Мицкоски од Гостивар: На 15 јули ќе победи концептот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ, концепт на чест, честитост и гордост


Мицковски во Дебар: Гарантираме безусловна правда и нула толеранција на корупцијата - МИА

Скопје, 2 јули 2020 () – На 15 јули ние не бираме политички партии и коалиции, не бираме етникуми и верски различности или сличности. Ние на 15 јули бираме концепти, заокружуваме за каков концепт нашата Македонија сакаме да ни се развива, дали концептот кој што го нуди СДСМ, Зоран Заев или концептот кој што го нуди ВМРО-ДПМНЕ предводник на Коалицијата за Обнова на Македонија. Дали се уште сакаме да гледаме во нашата политика луѓе кои од транзицијата ги гледаме во тие пратенички клупи, луѓе кои со децении за пљачкосуваат, ја обесправуваат нашата Македонија или луѓе кои имаат свежи идеи, идеи кои се всушност за напредок на нашата Македонија, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски при своето обраќање во Гостивар потенцираше дека секој од нас треба дa има на ум дека втора шанса може нема имаме и дека оваа шанса сега мораме силно да ја искористиме за да не биде како во 2016 години кога истиот тој човек со раката на срце, главата наведната па ќе зборува за жицата, за племето, изгубен ќе талкал, а се што ќе вети спротивно ќе направи.

– Да не биде некажано, да не биде предупредено. 15 јули е помеѓу тој концепт и овој концепт кој што ние го нудиме. Концептот на срам и криминал или концептот на чест, честитост и гордост. Сите ние ќе се обединиме на 15 јули и ќе му се спротивставиме на овој предизвик масовно. Тешко допрва доаѓа после 15 јули. Потоа ќе треба да си ја градиме Македонија затоа што оваа нивната Македонија заедно со Заев и нивното раководство на СДСМ заминува на темната страна на политичката историја, кажа Мицкоски.

Претседателот потсети дека СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа дека ќе дојде правда, па потоа велеа дека ќе стават бројчаници во центарот на главниот град, за да ги вратат украдените пари. Ни ништо од тоа не направија туку се здружија со тие кои денеска им се коалициони партнери, а порано ги нарекуваа режим. Мицкоски во врска со ова порача дека сите ќе одговараат од прв до последен зошто не може да има држава ако не се знае кој се богател на грбот на граѓаните.

– Јас сум убеден во мудроста и одлучноста на народот, народот повеќе не се плаши, тоа го гледам од Охрид еве сега и во Гостивар еве сега народот е на улица и народот ја поддржува победничката коалиција, коалиција за обнова на Македонија. Никој веќе не му се плаши ниту на Зоран Заев, ниту на Спасовски, ниту на Шеќеринска. Народот е на улица и ја поддржува нашата коалиција. Доста беше можеме, затоа што тоа можеме е можевме. Тоа можевме е завршено минато време. Доаѓа сега исправена Македонија и достоинствена Македонија. Драги гостиварчани радувајте се зошто за помалку од две недели од денеска ќе ги поразиме силно, ќе победи обновата. Мора да си обновиме Македонија онаква каква што сакаме да биде, за онаа Македонија за која сите заедно сонувавме, укажа Мицкоски.

На крајот од своето обраќање Мицкоски говореше за Проектот„ Обнова“ која е создадена на 360 страни и во неа може да се најдат проектите на ВМРО-ДПМНЕ за наредните години како што се предвидени 25 проценти повисока просечна плата, минимум 20 отсто поголеми пензии, минимум нови 1000 километри и реконструирани локални и регионални правци, најмалку еден универзитет во првите 1000 според Шангајската ранг листа и уште многу други.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*