Мицкоски: Недозволиво е интересот на власта за пари, да се става пред интересот на граѓаните и образованието на нашите деца, ова е катастрофална реформа во образованието


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната изјава при посета на општина Битола дали ги поддржува утрешните протести на родителите против дигитализација на образовниот процес, посочи дека ова е уште една катастрофална реформа спроведена од власта, истакнувајќи дека тој ги поддржува ги утрешните протести на учениците, студентите и родителите и застанува зад нивните барања.


 

Тоа е уште една катастрофална реформа која што е дел од политиките на оваа влада. Оваа реформа никој не ја прифаќа. Не ја прифаќа ниту родителите, ниту учениците, буквално никој не ја прифаќа оваа реформа. Јас навистина не можам да ја разберам оваа тврдоглавост која што доаѓа од министерството. Навистина не можам да разберам зошто толку им се поважни парите, од интересот на граѓаните и од образованието на нашите деца и ученици, дециден е Мицкоски.

Но, не само ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека и тој лично како педагог и универзитетски професор дава целосна поддршка укажувајќи дека тој се сложува со модернизација и дигитализација во образованието но само како што треба односно  паралелно со учебници и паралелно со настава која што треба да ја слушаат во училишните клупи.

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ги поддржува и учениците и родителите кои што излегуваат на протест и јас лично зборувам како професор сега, а не како претседател на најголемата политичка партија секогаш ќе застанам позади учениците и позади студентите и родителите нормално кои што одвојуваат средства за да ги образуваат своите деца за да добијат квалитетно образование. Истовремено да се сложувам за модернизација и дигитализација во образованието, но како што треба, паралелно со учебници и паралелно со настава која што треба да ја слушаат во училишните клупи. Тоа се барањата на овие деца, тоа се барањата на студентите, а тоа се барањата и на родителите, дециден е Мицкоски.

Да накратко ги поддржувам нивните барања, но како професор би сакал да се издвојувам сега како претседател на партијата, и ова го кажувам како родител чие што дете е веќе деветто одделение, завршува основно и треба да се запише во средно училиште, но и како педагог, како универзитетски професор ги поддржувам и застанувам зад нивните барања, вели Мицкоски.