Мицкоски: Не се проблем законите, суштината е како се применуваат законите


Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за процесот на интеграција кој и следува на Република Македонија и рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите најдобри судски процеси од ЕУ, но суштината е како тоа ќе се применува.

„Сите најдобри закони да ги препишеме и да ги имплементираме во Македонија ќе ги поддржиме. Сето тоа на хартија убаво изгледа, но поентата е како тоа во пракса да се применува јас токму тоа се обидувам да објаснам затоа луѓето се чувствуваат разочарани и обесправени. Јас ви давам збор дека ВМРО-ДПМНЕ сите најдобри судски пракси од ЕУ ќе ги поддржи, тоа не е суштината. Суштината е како тоа се применува“, додаде Мицкоски.

Мицкоски посочи дека граѓаните на Република Македонија немаат доверба во системот и немаат доверба во правосудството. Според него со Добрила Кацарска како Уставен Судија не може да има реформи во правосудството.

„Проблемот во Македонија е што, граѓаните, младите луѓе, оние повозрасните, сите, немаат доверба во системот, затоа што се чувствуваат  и беспомошно. Денеска гледаме дека Добрила Кацарска ќе станувала, Уставен судија, ќе добила унапредување поради тоа што добро одработила изминатиот период. Не може да има реформи со неа. Видете и кој го избира судскиот совет кој не ја предлага. Вие не можете да имате доверба во судството, ќе се чувствувате обесправени секогаш, затоа што ние гледаме како политичар бара мито и тој политичар поради процедурални причини е на слобода, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде да не се заборави дека судскиот совет денес ја предложи Добрила Кацарска да биде унапредена како Уставен судија, но на самата Кацарска неодамна од страна на Уставниот суд и беа поништени решенија како противуставни.


Вести

Нови 247 случаи на КОВИД-19, оздравеле 321, починале 15 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови. Од новорегистрираните случаи, во […]

Вести

Владини одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на УО на повеќе ЈП и АД

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на […]

Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

– Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*