Мицкоски: Наместо да зборуваме денес за 870 новозаразени од КОВИД, крахот во економијата и земјоделието, зборуваме за политичка естрада на која на полноќ и текнува да протестира


Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на полето на економијата, земјоделието и здравствената криза за да се коментираат луѓе кои на полноќ им текнува да организираат протести.



„Ние денеска наместо да зборуваме за 870 новозаболени, ние наместо денеска да зборуваме за нови 15 лица кои за жал го загубија животот поради неспособноста на Владата, за катастрофата во економијата, за дебаклот во образованието, за земјоделците кои што се буквално на колена и се плашат како ќе ја поминат зимата, ние сега зборуваме за политички естрадни уметници кои во 12 после полноќ пишуваат полноќни статуси и сега наместо за ова зборуваме за тоа. Обичниот граѓанин не го интересира дали ќе има конгрес, обичниот граѓанин го  интереси дали неговата работа е стабилна, дали  ќе имаме помалку заболени од КОВИД дали ќе имаме помалку починати од КОВИД, дали ќе добијат соодветно образование, здравствена нега, дали земјоделецот ќе добие навреме субвенции и откуп. Тоа се суштинските работи“, вели Мицкоски.

Мицкоски во своето гостување рече дека развојот на Македонија го гледа според компетенции и знаења, а не поради додворување кон етникуми.

„Кај мене етникуми не постојат, кај мене постојат граѓани. За мене претставува проблем и бариера кога зборуваме за привилигирани или непривилигирани, сите се подеднакви и јас сакам да напредувам во животот поради компетенции и јас така го гледам развојот на Македонија според компетенции и знаење, не го гледам спрема додворување кон етникуми за  гласови“, истакна претседателот Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски посочи дека на идните избори ВМРО-ДПМНЕ е партија која ќе ги победи СДСМ и Заев заедно со сите нивни политичари во политиката кои работат против ВМРО-ДПМНЕ.


Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*