Мицкоски на меѓународниот ден за образование: Власта системски го уништува, 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери


Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:



– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;

– штрајк на матурантите;

– “реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;

– со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;

– со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;

– и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.

Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија.

Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува.

Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме.