Мицкоски: Јас на 27ми бев со народот пред Собранието и повторно ќе протестирам со народот се додека не падне оваа влада


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сопиште.


 

Претседателот Мицкоски во врска со настаните од 27 април каде денеска беше повикан од страна на СДСМ пред присутните потенцираше дека е горд што бил на страната на народот протестирајќи пред Собранието.

Ич да не се грижите и не треба никој од вас да се грижи затоа што нас не ставаат во кругчиња и во квадратчиња затоа што бевме со народот и бевме заедно и протестиравме за она за кое што го предупредуваме тогаш сегашниот премиер Зоран Заев да не прави нешто што е спротивно на интересите на Република Македонија. И горди сме за тоа, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски најави дека од мај месец повторно ќе биде со народот на протести и ќе тргне да ја урне власта на Зоран Заев, бидејќи СДСМ не може да уништи повеќе отколку што ВМРО-ДПМНЕ може да изгради.

Претседателот Мицкоски посочи дека индустриското производство бележи пад, нема нови вработувања, а странските инвестиции се за 100 милиони евра помалку споредено со минатата година. Тој додаде дека капиталните инвестиции се на минимални 4% што е 4 пати помалку од минатата година кога имаше политичка криза, а отпочнатите проекти се застанати таму каде што ги наследиле, односно буквално не постои никаква реализација.

Девизните депозити споредено со мај 2017 до крај на февруари 2018 се намалени за 214,2 милиони евра, монетарното злато за истиот период е 12,5 милиони евра помалку. Покрај тоа што ја задолжија државата за 566 милиони евра, или секое семејство за 1200 евра ги трошат и депозитите кои граѓаните ги штедат, нагласи Мицкоски.

Во врска со најавата за инвестиции од 270 милиони евра во патната инфраструктура Мицкоски потсети дека тоа се проекти подготвени и реализирани од претходната влада и пари обезбедени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои СДСМ чекале 10 месеци ги чуваше во фиока без да почне

Да почнеа во јуни минатата година, сега сигурно барем половина од овие проекти веќе ќе беа реализирани и ќе се офајдеше некоја компанија, луѓето ќе имаа пари, можеби ќе се отвореше некое ново работно место, потенцираше Мицкоски.