Мицкоски и Николоски на средба со Премиерот на Словенија, Јанез Јанша


Денес во рамките на средбите со сестринските партии во регионот, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Потпретедателот Александар Николоски, ќе остварат средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша. Средбата ќе се одржи заедно со терминот кога македонската ракометна репрезентација го игра натпреварот со Словенија во рамките на Светското првенство во ракомет во Египет.  Воедно потпретседателот Николоски им посака успех на нашите ракометари !


 

За пола час заедно со Претседателот Мицкоски се среќаваме со Премиерот на Словенија Јанша, а само што почна ракометниот натпревар Македонија – Словенија на светско. Двете пријателски држави играат, нека победи подобриот. Поздрав од Љубљана. – напиша Николоски на својот ФБ профил