Мицкоски: Хациендата на Заев од Халкидики е доказ за мафијата и криминалот на власта


Мицкоски: Новата влада ќе биде антиреформска и ќе го штити криминалот и корупцијата - МИА

 


 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот Live chat на тема Одговор на сите Ваши прашања, одговарајќи  на прашањето: дали ја прочитавте веста  за палатата на Заев на Халкидики? Јас цел живот работам и не можам куќата да ја малтерисам, во цигла ми е од надвор, а он палата купил. Нели е срамота и греота, нели смрди на криминал од далеку, одговори:

-Апсолутно се сложувам со вас, доколку се потврди оваа вест како точна.  Таа вест колку што можев да забележам по медиумите е преземена од медиуми од кај нашиот источен сосед кој што во минатото се занимаваа со некои домашни врвни политичари, како што е претседателот на владата на нашиот источен сосед. Но она што е девастирачко и неморално, е фактот што ваков тип на шпекулации кои што во голема мера можеби се вистинити, и во минатото беа често пати лиферувани.

Претпоставувам дека во сопственичкиот лист вие тешко ќе го најдете името на Зоран Заев, но истовремено сум сигурен дека во имотниот лист ќе најдете имиња кои што некако ќе можат да се поврзат со семејството Заеви. Јас навистина загрижен бидејќи ако во нешто сме први во регионот и во Европа, тоа е по криминалот и корупцијата и злоупотребата на врвните политичари. Единствен начин да овие луѓе, овие корумпирани политичари бидат поразени е на избори. Едни такви избори наскоро ќе имаме, тоа се локални во градот Штип и во Пласница, но потоа ни следуваат период кој што навистина ќе биде предизвикувачки за сите нас, на кој што ќе се бориме да се избориме за едни предвремени парламентарни избори кои што ќе бидат заедно со локалните избори и на кои што народот треба гласно да зборува и да ја казни оваа корумпирана политичка елита, рече Мицкоски и додаде:

-Ние продолжуваме со нашата борба, ние продолжуваме понатаму будно да ги следиме нивните криминали и колку пожестоко ги следиме, колку пожестоко ги објавуваме, толку потешкото јас ќе бидам напаѓан. Не само од нив, ќе бидам напаѓан и од нивните слуги, јас сум свесен за тоа, но тука сум, подготвен сум да се справам со сето тоа затоа што мојот сон е сонот за Македонија онаква каква што мојата генерација ја сонуваше, онаква каква што сакам да ја оставам на моите деца и на моите внуци, а тоа е земја со која сите ние ќе се гордееме, каде што политичарите ќе бидат слуги на народот, каде што нема првите пет вести да бидат колку денеска го загубиле животот поради не способноста во справување на КОВИД пандемијата, каква вила и каква хациенда има премиерот дали на Халкидики или на некое друго место, кога нема да зборуваме за криминал, кога нема да зборуваме за корупција, неправди и политички терор, туку ќе зборуваме за нови инвестиции, за реновирани училишта, за реновирани градинки. Ќе зборуваме за среќни земјоделци. Таа е онаа Македонија за која што јас се борам.