Мицкоски: Ги прифаќан ТВ дуелите со Зоран Заев, тој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината


Во изминатите две недели до мене пристигнаа две понуди за ТВ дуел со Зоран Заев. Првата е на телевизијата Канал 5 за 28 февруари во гледаната емисија “Само Вистина”, а втората понуда е проект на телевизијата Алфа што би се емитувал на 12 март. Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања и тоа:

-Зошто градеше кариера врз лаги, како онаа дека ја знаел вистината за Монструм, а видовме дека единствено што знае е да ги ослободи убијците на нивните деца;

– За уценетите слуги кој од најголеми криминалци му станаа најголеми сојузници;

– За тоа зошто нема ниту еден крупен криминалец зад решетки и зошто наместо правда има лиценци со марихуана за Боро Малборо, за Заеви и ним блиските;

– За тоа како правдата во Македонија за едни е мајка, за други маќеа, за нарачаните пресуди, за тоа дека “бизнисот не требал да се чепка”, за Луј Витон ташните, за нарачките на Заев во Врховен, Апелација, за тоа како Заевци го спасуваат СЈО, за да си ги спасат милионите;

– Да зборуваме за тоа како мафијата со Заев доби своја држава, за контигентите “педесетки” кои станувале “триесетки” и многуте кеш пари, за тоа зошто обвинителството молчи, а милионите на деспотот растат;

-Зошто одби испитување на потекло на имот, а се спротивстави на забрана за амнестија на политичари, додека бара закон за јавно обвинителство кое содржи амнестија за него и неговите соработници;

– Но и да зборуваме за мојата, нашата заедничка визија…да докажам дека наспроти лажните ветувања за живот, постои неопходност од обнова која ќе донесе повеќе за секого. Која ќе донесе повисоки плати за 25%, повисоки пензии за 20%, капитални државни инвестиции над 90% секоја година, 4 милијарди домашни и странски инвестиции, едноцифрена невработеност и пониски даноци и трошоци за народот.

Да покажам дека Македонија има иднина.

Се надевам дека Заев ќе се охрабри, нема да се крие позади скапо платените спотови, зарибана пропагандна машинерија и лажните вести и ќе прифати ТВ дуел. Па народот нека процени, затоа што тој никогаш не греши.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]