Мицкоски: Да се биде најнапаѓаниот политичар од овие мафијаши на власта мене ми дава мотив да истраам во борбата против нив


Мицковски до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите - МИА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мета на секојдневни напади е тоа што тој е последната брана во Македонија за сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција. Тој посочи дека тоа што е најнапаѓаниот политичар од мафијата на власта само дополнително го мотивира да истрае во борбата за правда.

„Јас Христијан, јас како човек сум последната брана во оваа држава на сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција, политичари и друг тип на елити. И од сите страни сум напаѓан и понатаму ќе бидам напаѓан. Тука ги подразбирам оние мафијаши за кои што говорам од почетокот на емисијата. Оние кои што ја урнаа државата, оние кои што ја опљачкаа Еуростандард банка, оние кои што ја задолжија државата. Да се биде најнапаѓаниот политичар од страна на овие мафијаши само ми е дополнителен мотив да се борам против оваа неправда што се случува во државата. Секојдневно тоа ме мотивира и ме прави поодлучен во таа борба, никогаш нема да се повлечам додека овие мафијаши не ја добијат правдата која треба да ја добијат“, вели Мицкоски.

Мицкоски во текот на интервјуто посочи дека во моментов клучно е да се разговара за состојбата во државата која е алармантна, наместо да се губи време за внатрепартиски теми.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*