Мицевски: Веќе три месеци се соочуваме со нефункционалноста на Собранието на Република Македонија откако започна со работа


Мицевски: Датумот предложен од Заев е реално и физички неостварлив - МИА

Поминаа веќе три месеци откако Собранието на Република Македонија започна со работа, а сеуште се соочуваме со негова нефункционалност во повеќе сегменти.



Партиската коалиција помеѓу СДСМ, БЕСА и ДУИ, поради нивната неусогласеност сеуште го оставаат Собранието без состави на клучни органи во неговото функционирање.

Собранието на Република Македонија сеуште нема избрани потпретседатели на Претседателот на Собранието кои би биле замена доколку Талат Џафери не е во можност да присуствува на собраниска седница. Исто така од изборот на потпретседатели зависи и формирањето на Буџетскиот совет на Собранието кој е клучен за финансиското работење на законодавниот дом.

Не е формиран ниту Националниот совет за европски интеграции кој што е пандан на Комисијата за европски прашања и кој што е потребно итно да биде формиран посебно во период кога Македонија чека почеток на преговорите со ЕУ како и Делегација во Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ.

Не се формирани ниту Билатералните групи за соработка со 50 парламенти во светот преку кои што пратениците остваруваат комуникација и соработка со амбасадори и парламенти.

Три месеци веќе нема состав ниту на Делегацијата на Парламентарнито Собрание на советот на Европа, Делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ, не функционира ниту Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО , Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеран, потоа Делегација на Парламентарната димензија на Централно- европската иницијатива како и Делегацијата на Интерпаламентарната унија и Делегацијата на Парламентарното собрание на Парламентарната соработка со Југоисточна Европа.

Без овие делегации, билатерални групи и национални совети, Собранието на Република Македонија не им го обезбедува правото на пратениците да остваруваат меѓународни контакти и соработки со земјите од Европа и остатокот од парламентите во светот.

Со коалициското несогласување помеѓу СДСМ, БЕСА и ДУИ, власта ја кочи редовната работа и процесите во Собранието и преку ова Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров не даваат можност пратениците да ги остваруваат своите права и обврски кои им произлегуваат од мандатот даден од граѓаните на Република Македонија.

 


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*