Мицевски: Додека граѓани чекаат амбулантно возило, за пратеничка на СДСМ тоа служи како такси превоз


Денес Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За обнова на Македонија“ гостуваше во радио Лидер каде што говореше за случувањата во Собранието во изминативе денови.


 

„Петтиот пакет на мерки власта го најави на почетокот на февруари. Петтиот пакет на мерки на Влада им помина на 16-ти февруари. Законските решенија, трите закони кои што влегуваат во петтиот пакет на мерки во Собрание пристигнаа на 19-ти февруари. И до вчера до денот на изгласувањето на петтиот пакет на мерки поминаа два месеци. Што се случуваше во меѓувреме? Значи прв пат на седница беа закажани за 21 март. Тие беа повеќе од месец дена пристигнати како материјали во Собранието, но не беа ставени на пленарна седница“, појасни Мицевски.

Мицевски додаде дека се доцнеше со петтиот пакет на мерки бидејќи власта немаше пари за да исплати.

„Немаа пари за тоа се чекаше. Ја чекаа еврообврзницата од 700 милиони евра за да можат дел од тие минимални средства да ги исплатат на граѓаните“, нагласи Мицевски.

Мицевски посочи дека трите закони од петтиот пакет на мерки на седница беа ставени со многу други закони на дневен ред.

„Во четвртокот додека се одвиваше 32-рата седница Џафери влезе со некое нерационално барање во текот на попладневните часови, да завршиме со 32-рата седница, да ги изгласаме законите почнувајќи од 32-рата седница иако немаа кворум, и да продолжиме после 18 часот со 36-тата седница. Наше барање и наш приоритет беше дека барањето на граѓаните е пакетот мерки. Значи 32-рата седница и седници како 32-рата имаа 20 незавршени и можеа да почекаат“,појасни Мицевски.

Мицевски додаде дека Џафери не го послуша барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мицевски посочи дека во 32-рата седница имаше неколку закони меѓу кои и за јавни набавки, во кој во еден член се менува можноста да може 100% да се исплаќа авансно во случаеви поврзани со КОВИД-19 при договори во четири очи. А, тоа значи дека она што се случуваше во изминативе неколку месеци, а немаше законско решение како набавка на вакцини сега е легализирано.

Мицевски се осврна и на пратениците на владејачкото мнозинство кои дошле при што се и на КОВИД-19 позитивни.

„Изолацијата значи да седиш, дома ние имаме пратеник кој дојде на работа, кршејќи ги сите протоколи, Уставот и кривичниот законик. Имаме обид за загрозување на животите на пратениците и на стручните служби во собранието со внесување на позитивни лица, изјави Мицевски.

Мицевски прашува кој издаде документ да може позитивни лица да издадат документ и да одат во Собрание и да ги ризикува животите на пратениците и вработените во Собранието.

„Ги затвораат сите, а од друга страна непотребно носат позитивни пратеници на работа. Каде е тука човечкото и моралното, да дојдеш на работа и да ризикуваш да ги заразиш колегите пратеници. Тој протокол кој го кажуваат е само за лица кои немаат симптоматологија изразена со КОВИД-19, а ние имавме јавна објава од колешка која кажува дека е позитивна“, истакна Мицевски.

Тој додаде дека додека граѓани чекаат амбулантно возило по цел ден, за пратеничката на СДСМ, амбулантно возило служеше како такси и ја чекаше цел ден, а ваквиот апсурд наместо да добие осуда министрите го нарекоа херојски чин.