Мендух Тачи: Три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите


Мендух Тачи: Три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите - МИА

Тетово, 29 јуни 2020 () – Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вечерва оствари средби со граѓани во повеќе населени места во општина Брвеница. Тој порача дека е важно да се спроведат три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите.

-Мерки за справување со Ковид-19 се потребни во клиничката болница во Тетово која мора да добие барем 1 милион евра за да функционира како универзитетска клиничка болница и да го штити здравјето на Албанците. Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата. И трето, да се помогне секој од таксист и келнер, до големите бизнис, со помалку процедури, изјави Мендух Тачи во Челопек.

Тој истакна дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

-Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност. Излезете од дома, понесете маска и пенкало, одете на избирачко место. Заокружете број 1 Мендух Тачи, Господ помогна да бидеме први на листата, истакна Тачи.

Пред присутните зборуваа и останатите кандидати за пратеници од општина Брвеница.ас/ир


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*