Меморандум за соработка на МИОА и ЕПИ за реформите во јавната администрација


Меморандум за соработка на МИОА и ЕПИ за реформите во јавната администрација - МИА

Скопје, 2 јули 2020 () – Министерството за информатичко општество и администрација и Институтот за европска политика ЕПИ со Меморандум ја продолжија соработката во делот на реформата  во јавната администрација и реализацијата на проектот WeBER. Станува збор за проект за креирање овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавната администрација од страна на граѓанското општество.

Меморандумот за соработка го потпишаа денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска.

Според МИОА, првите наоди од овој проект, покажуваат  дека во однос на проактивната транспарентност на институциите, забележан е напредок во нашата држава и поздравени се напорите на Владата за зајакнување на транспарентноста и отчетноста.

Дополнително, во однос на областа креирање политики и достапни информации за работата на институциите, од земјите во регионот најголем напредок се забележува во Северна Македонија од сите земји од Западен Балкан,по промената на власта. Во претходниот циклус Северна Македонија бележеше скор од 0 бодови, сега тој изнесува 2, стои во соопштението од МИОА.


Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА
Вести

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија […]

Вести

Извештај на ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Собранието ги констатира оставките на пратениците Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска

– Собранието на денешната седница констатира оставки на четворица пратеници, и тоа на пратеникот Игор Дурловски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Бајрам Реџепи од ДУИ и на двајца парламентарци од СДСМ, Мухамед Зеќири […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*