Меј: Брегзит без договор ќе биде лош и за Велика Британија и за ЕУ


– Британската премиерка Тереза Меј денеска оцени дека евенталното излегување на Велика Британија од ЕУ без договор ќе претставува „лош резултат“ како за Лондон, така и за 27-те земји членки на Унијата.

Меј во обраќање на крајот на четиридневната годишна Конференција на нејзината владејачка Конзервативна партија во Бирмингем, оцени дека пореговорите за Брегзит влагуваат во клучна фаза и ги повика сопартијците да се обединат и да ја поддржат во постигнувањето договор со ЕУ.

Британската премиерка обраќајќи се кон нејзините критичари во редовите на партијата порача дека доколку сите тргнат во различен правец „во потрага по сопствени визии за совршен Брегзит, постои ризик процесот да заврши без него“

– Велика Британија не се плаши ако треба да ја напушти ЕУ без договор. Но, да бидеме чесни. Ако ја напуштиме ЕУ без договор, ако воведеме царини и контроли на копненните граници, тоа ќе биде лош резултат и за Обединетото Кралство и за ЕУ, изјави Меј.

При излегувањето на Меј на говорницата на Конференцијата на конзервативците во Бирмингем, во салата се слушаа звуците на песната „Dancing Queen“ на АББА.

Конференцијата на конзервативците мина во знакот на поделби околу договорот за Брегзит, при што Меј беше изложена на критики, како од страна на евроскепиците, така и од членовите на проевропското крило на партијата.


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници

Скопје, 4 август 2020 () – Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*