Маринакис: Во многу добра клима средбата Ковачевски – Мицотакис

kovacevski-micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во многу добра клима, според портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис поминала вчерашната средба во Вилнус на премиерите на Северна Македонија и Грција Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина Маринакис, кусо истакна дека разговорите поминале во добра клима, но не откри дополнителни детали за средба и се повика на информаците објавени вчера од кабинетот на грчкиот премиер.


-Средбата беше во многу добра клима, како и со сите други лидери со кои се сретна премиерот, кусо одговори владиниот портпарол.

Од кабинетот на грчкиот премиер вчера информираа дека за време на средбата биле разменети мислења за последните случувања во регионот, ги разгледале билатералните односи и ја реафирмирале волјата за нивно продлабочување.

Премиерот Ковачевски на прес-конференција вчера истакна дека „Грција е една од најсилните поддржувачи на европската интеграција на Северна Македонија“, а според него, самата средба што ја оствари со Мицотакис потврдува дека двете држави имаат одлични билатерални односи.

Вчерашната средба на двајцта премиери беше прва по избрите во Грција на 25 јуни и беше на само четири дена откако Владата на Мицотакис доби доверба од Парламентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK