Маричиќ: До нова година закон, за пописот да се спроведе во април догодина


Маричиќ: До нова година закон, за пописот да се спроведе во април догодина - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годината  ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.



-Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и делод коалицискиот договор меѓу Коалицијата Можеме и ДУИ. Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада остануваме повторно ќе го предложиме во собраниска процедрура, ќе има измени во роковите бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС пописот да се спроведе пред локалните избори, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање по брифингот со новинарите.

Верувам, додаде министерот за правда, а на тоа ќе работиме во наредниот период, дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за да може во април 2021 година да биде спроведен пописот.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*