Лукаревска: Јасна е пораката на САД и Ескобар, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава

lukarevska_@3423423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Јасна е пораката на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава, изјави денеска заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

-Денеска прочитаваме една многу убава изјава од високиот претставник на САД, Ескобар, којшто напомена дека Соединетите Американски Држави не бараат од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Ковачевски туку бараат да го поддржи евро-атланскиот пат на државата. Мислам дека тука е се јасно кажано, рече Лукаревска на прес-конференција.


Прашана за изградбата на коридорите и забелешките од опозицијата, таа кажа дека станува збор за клучен стратешки проект од национален интерес.

-Ова е клучен, стратешки инфраструктурен проект. Доколку се дозволеше да продолжат блокадите немаше да добиеме ништо, напротив. Придобивките се големи и ние многу пати сме зборувале за тоа, побрзо, поефикасно и поефтино да може да се заврши, рече Лукаревска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK