Љупчо Николовски негативен на Ковид-19


Љупчо Николовски негативен на Ковид-19 - МИА

Скопје, 27 октомври 2020 () – Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски е негативен на Ковид-19. Преку својот фесјбук профил вицепремиерот Николовски, ја информираше јавноста дека денеска се тестирал и тестот е негативен.



– За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето. Но, поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен. Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во  борбата против коронавирусот, пишува Николовски на својот фејсбук профил.

Тој воедно апелираше да граѓаните ги носат маските, да ја држат потребната дистанца и да вршат дезинфекција. оџ/