Лицемерието на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ нема крај!


Урбаниот и сообраќајниот хаос во Дебар Маало продолжува.


 

Лицемерието на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ нема крај.

Тој го одби барањето на центарци за конечно ослободување на тротоарите во Дебар Маало од автомобили под изговор дека тоа не може да се реши преку ноќ.

СДСМ ја има власта во општина Центар, а за граѓаните од оваа населба речиси ништо не е направено.

Граѓаните се приморани наместо на тротоар да одат на улица, а со тоа им се загрозува нивната безбедност, а и животот не само на нив туку и на нивните деца.

До кога Богдановиќ ќе ги лаже граѓаните? Освен ситни политички поени и продавање на демагогии Богдановиќ ништо не направи од тоа што го ветуваше.

Тој ветуваше живот, ослободување на тротоарите воздух за сите, а наместо тоа граѓаните добија само лаги и манипулации.