Кржаловски: Младите денес живеат полошо од пред една година!



СДСМ ги лажеше младите. Младите денес живеат полошо од пред една година. Власта не го слуша нивниот глас, ниту пак ги решава нивните проблеми.

Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев, ветуваа дека на младите четири месеци по завршување на нивното образование државата ќе им гарантира вработување, пракса, или дообучување, а доколку сакаат да го продолжат  своето образование истата во тоа ќе му помогне. Ветија и излажаа. Ништо од тоа не е случај денес.

Овој проект, кој го нарекоа младинска гаранција е најголемата лага на СДСМ. Тие се обврзаа со својата програма дека истиот ќе биде реализиран во првите шест месеци по преземање на власта, поминаа 11 месеци, ова ветување не само што не е реализирано, туку и очигледно нема никогаш да се реализира.

Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ. Ветуваа брда и долини, голем број мерки и проекти само за да  го добијат нивниот глас. Веќе 11 месеци се на власт, а за младите немаат направено ништо.

Нема вработување за младите, нема пракса, нема дообуки, нема помош за нивното образование.

Ветувањата за подобри услови за студирање се заменети со вработување по партиски клуч и непотизам. Младите се оставени на маргините на општеството и никој не го слуша нивниот глас. Нивните потреби се занемарени, со стапувањето на Заев, Дескоска и Богоев на функција.

Ги убедуваа и лажеа младите се со цел да ги добијат нивните гласови. Младите гледаат дека се изманипулирани. Оваа влада 11 месеци нема ништо направено за младите. СДСМ не може, не знае и нема капацитет да направи нешто позитивно за младите.

Оваа власт, која е глува на младинските барања, мора да си замине. Младите заслужуваат подобро. Младите заслужуваат подобро.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*