Кривична пријава за инспектор за примање поткуп за субвенции


Кривична пријава за инспектор за примање поткуп за субвенции - МИА

Скопје, 30 април 2020 () – Инспектор во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заработи кривична пријава за примање поткуп од фирма која ја контролирал за исплаќање субвенции. Инспекторот е фатен со парите од поткупот и е приведен.

Од МВР информираат дека отсекот за економски крминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Г. (38) од Струмица.

-Во декември 2019 година осомничениот извршил контрола над земјоделски површини сопственост на правен субјект од село Бучим, општина Радовиш, за што изготвил записник без констатирани забелешки, а врз основа на тој записник на правниот субјект му биле исплатени субвенции согласно Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2019 година. Во април 2020 година пријавениот остварил контакти со управителот на правниот субјект и побарал од него да му исплати пари во износ од 600 евра, како награда за претходно изготвениот записник без констатирани неправилности, а ако не го стори тоа, тој ќе изготви нов записник со констатирани неправилности, поради што ќе мора да ги враќа исплатените средства и нема да има право да аплицира за доделување на субвенции следната година, се наведува во соопштението на полицијата.

Од МВР информираат дека вчера во 8 часот на локалениот пат од село Бучим кон Радовиш, полицајци од Одделението за внатрешни работи Радовиш го запреле возилото на И.Г. при што во возилото пронашле обележани банкноти во вкупен износ од 36.000 денари, кои претходно осомничениот ги примил од управителот на фирмата од село Бучим.

 


Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

– Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 […]

Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]