Ковачки: Ковачевски и СДСМ со молкот ја превзедоа вината, срамот и одговорноста од поведението на Талат Џафери


Денес е работен ден во Собранието на Република Македонија и ако имаше барем грам доблест Талат Џафери денес ќе си поднесеше оставка од позицијата Претседател на Собранието. Прво тоа ќе го направеше заради примитивното и вулгарно однесување кое го манифестираше кон вработените кои ги пцуеше и навредуваше. Второ, заради скандалозната средба која ја имал со делегација во која учествувал и чеченски политичар, поранешен пратеник во руската Дума и соработник со режимот во Кремљ.


 

Овие два скандали се доволни во Европа да заврши кариера на било кој политичар, а не пак на претседател во Собрание. Зарем има друг претседател на Собрание во земја членка на НАТО кој остварува контакти и средби со лица од безбедносен ризик за државата или за стратешките партнери. Одговорот е нема друг освен Џафери. Има ли некој функционер во демократска земја кој навредува вработени и после тоа не понесува одговорност? Одговорот е нема друг освен Џафери.

Почитувани,

Срамно е што државните институции молчат за скандалот кој го предизвикал Талат Џафери среќавајќи се со безбедносно-интересно лице од Чеченија.

Неодговорно е од Ковачевски, Пендаровски и  Спасовски да молчат за средбите на нивниот Талат Џафери со лицето кое е основач на здружението „Муслиманите со поддршка за претседателот Путин”.

Треба ли некој да ги потсети споменатите дека извршуваат одговорни државни функции и дека со безбедноста на државата не смее да има импровизации, а дека меѓународниот углед се должни да го чуваат, а не да го рушат.

Заради зачувување на криминалната и анационална коалиција на власт, Ковачевски, Пендаровски и Спасовски се подготвени да го одмолчат, а со тоа и да ги оправдаат скандалите кои секојдневно ги прави Талат Џафери.

Но Ковачевски и сопартијците очигледно одбраа да се водат од принципот „не сме од овде, ништо не сме виделе и ништо не сме чуле“.

Бидејќи го брани Талат Џафери, тогаш и Ковачевски и СДСМ подеднакво ја прифаќаат вината, срамот и одговорноста, а бидејќи СДСМ и ДУИ и нивните функционери заедно крадат, заедно го тормозат народот, заедно го игнорираат очигледното, тогаш и заедно ќе бидат поразени и заедно ќе одговараат.